ЕВРООБРЗНИЦАТА ОДЛОЖЕНА ОТИ НАГЛО РАСТЕЛА КАМАТАТА ПОРАДИ РИЗИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕВРООБРЗНИЦАТА ОДЛОЖЕНА ОТИ НАГЛО РАСТЕЛА КАМАТАТА ПОРАДИ РИЗИК

    Македонија го одложи издавањето на еврообврзницата поради тоа што денеска нагло почнала да расте каматата, откако инвеститорите пресметале дека може да е ризично вложувањето во обврзници во Македонија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Неофицијално дознаваме од извори во Министерството за финансии, дека кога била понудена еврообврзницата за продажба, веројатно поради писмото на опозицијата и тековните преговори во Пржино со посредство на ЕУ и САД, како и масовните протести на Шарената револуција против задолжувањето, инвеститорите почувствувале ризик дека нешто не е во ред со процедурата на издавање. Така заинтересираните клиенти почнале да ја дигаат каматата. Кога каматата стигнала до 5,5 проценти Владата видела дека ќе пропадне продажбата и ги известила банките дека го одложува издавањето на еврообврзницата за да преземе мерки за да правно ја регулира постапката за издавање.

    Од СДСМ велат дека автор на писмото е Кире Наумов, кој беше дополнителен заменик министер за финансии во Владата за спроведување избори. Тој од името на СДСМ испратил писмо до водечките светски медиуми специјализирани за бизнис, како што се Блумберг, Форбс, Томсон Ројтерс, СиЕнЕн, БиБИСи… и водечките банки заинтересирани да инвестираат во еврообрзницата, дека издавањето на еврообврзницата не е законско и треба да бидат внимателни при купувањето.

    Денеска Ројтерс објави дека Македонија ја понуди еврообврзницата на светските берзи со рок на доспевање од седум години и дека аматата за неа ќе изнесува 5 проценти. Главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се „Сити груп“, „Дојче банка“, „Ерсте група“ и „Сосиете женерал“.

    Но вечерва и Ројтерс потврди дека Владата ја одлага емисијата на обврзници.

    Економските експерти велат дека ова не значи дека е пропаднато издавање на обврзницата, туку дека сега Владата ќе проба да ги достави потребните мислења дека се е законски во одлуката за задолжување.

    Се чека мислењето на Министерството за правда кое треба да потврди дека за ова задолжување нема правни пречки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари