ЕВРОПА ДА ЈА ДОНЕСЕМЕ НА БАЛКАНОТ, ПА ДУРИ ТОГАШ ТАА ЌЕ НЀ ПУШТИ ВНАТРЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА БИЗНИС САМИТ100

    ЕВРОПА ДА ЈА ДОНЕСЕМЕ НА БАЛКАНОТ, ПА ДУРИ ТОГАШ ТАА ЌЕ НЀ ПУШТИ ВНАТРЕ, РЕЧЕ  ЗАЕВ НА БИЗНИС САМИТ100На вториот ден од бизнис САМИТ100, кој се одржува по шести пат во Скопје, на премиерска панел дискусија, учествуваат премиерите Зоран Заев, Еди Рам на Албанија, Душко Марковиќ на Црна Гора и Денис Звиздиќ на Босна и Херцеговина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Приватниот бизнис сектор е тој што треба да го влече регионот на Западен Балкан напред, кажа премиерот на Македонија Зоран Заев, на бизинс САМИТ 100 за земјите од Југоисточна Европа, што се оддржува во Скопје. На вториот ден од бизнис самитот, кој се одржува по шести пат, во тек е премиерска панел дискусија, на која освен Зaев, учествуваат и премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, и на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.È

    „Се сложувам дека регионот предолго чека за влез во Европската Унија, но и дека сите треба да преземе дејствија за да влеземе. Оваа порака на единство што одовде ја праќаме на бизнис заедницата е дека сме тука да помогнеме. Се надевам дека деловните луѓе ќе го искористат ова заедништво, што владите на земјите од регионот го покажуваат. Европа треба да ја донесеме во регионот, оти само тогаш таа ќе не пушти внатре“, рече Заев.

    Тој кажа дека и владите на земјите од Западен Балкан вложуваат надежи во економскиот раст и развој, бидејќи само така земјите може да одат напред.

    „Ако бизнисот оди напред и ние ќе покажеме добри резултати пред нашите граѓани и гласачи. Ние може да ги помогнеме јавните иницијативи, но приватниот сектор е тој што треба да ја движи економијата напред, и ние сме тука да помогнеме“, рече Заев.

    Премиерот на Босна и Херцеговина Звиздиќ рече дека бизнисмените од регионот треба да вршат постојан и агресивен притисок врз владите за да ги направат потребните законски измени, за да може регионално да се поврзат и економииите на сите земји од Блаканот.

    „Имавме идеја во Сараево да се направи заедничка стопанска комора на земјите од Западен Балкан, за да може што почесто да се поврзуваат компаниите и и да разменуваат и идеи и соработка. Економското поврзување на земјите од регионот нема никаква врска со индивидуалниот пат на секоја земја за зачленување во Европската унија. Потребно е комуникациско поврзување на сите земји на сите нивоа, како економско, така и образовно“, рече Звиздиќ.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира