ЕВРОПСКА УНИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НА 1 ЈУЛИ

    ЕВРОПСКА УНИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НА 1 ЈУЛИЕУ ги укинува ограничувањата за патувања и за земјите од Западен Балкан (Фото: Ѓ. Личовски)

    Европската Унија планира да ги отвори своите граници за македонските државјани на 1 јули, објави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Твитер.

    „Европската комисија препорача на 1 јули да се укинат ограничувањата за патувања за државјаните на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, имајќи предвид дека епидемиолошката ситуација во овие земји е слична или подобра од онаа во Европската Унија“, напиша Вархеји.

    Во исто време беше донесена одлука за укинување на сите гранични контроли во рамките на Шенген зоната до 15 јуни.

    „Меѓународните патувања се клучни за туризмот и бизнисот, како и за спојување на семејствата и пријателите. Иако мора да останеме претпазливи, дојде време да се направат конкретни подготовки за отстранување на ограничувањата со оние земји кај кои здравствената ситуација е слична на онаа во ЕУ и за продолжување на визните операции“, вели еврокомесарката за домашни работи Илва Јохансон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира