ФАТЕНА ГРУПА КОЈА КРИУМЧАРЕЛА МИГРАНТИ ВО САД И КАНАДА СО ФАЛСИФИКУВАНИ ПАСОШИ

    ФАТЕНА ГРУПА КОЈА КРИУМЧАРЕЛА МИГРАНТИ ВО САД И КАНАДА СО ФАЛСИФИКУВАНИ ПАСОШИОд април 2017 до март 2018 година групата успеала да префрли нелегално околу 50 лица во САД и во Канада со што заработиле околу еден милион долари. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција (Фото:Г.Трпеноски)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави за девет лица поради организирање на група и потикнување на извршување на трговија со луѓе, со дете и криумчарење на мигранти, соопшти на прес конференција министерот Оливер Спасовски.

    Групата оперирала во Македонија и Албанија.  При претресите во Струга, Дебар, Охрид и Скопје, полицијата пронашла поголема сума пари, биле запленети и две возила, пиштол и куршуми.

    Криминалната група врбувала лица-потенцијални мигранти, а потоа им обезбедувала фалсификувани документи за идентификација, карти, резервирала соби во Шпанија, Гватемала, Панама, Хондурас, Доминиканска Република. Мигрантите биле криумчарени во мали групи, а крајната дестинација биле САД и Канада.

    Од април 2017 до март 2018 година групата успеала да префрли нелегално околу 50 лица во САД и во Канада со што заработиле околу еден милион долари.

    Министерството за внатрешни работи акцијата ја спровело со партнерите од Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при амбасадата во САД во Македонија, Европол, Селек како и полицијата на Албанија, Шпанија, Австрија и Бугарија.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира