ФИЛИПЧЕ ПОВИКА ДА СЕ СЛАВИ СО УСУЛ ПО ПЛАСМАНОТ НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

    ФИЛИПЧЕ ПОВИКА ДА СЕ СЛАВИ СО УСУЛ ПО ПЛАСМАНОТ НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВОМакедонската фудбалска репрезентација ја совлада Грузија со 1:0 во финалето на плејофот на Лигата на нации, обезбедувајќи пласман на Европското првенство. Горан Пандев го даде единствениот гол - (Фото: ЕПА)

    Министерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните пласманот на Европското првенство да го слават со почитување на мерките. По победата на нашата фудбалска репрезентација над Грузија, Филипче на својот фејсбук прифил напиша дека ова е голем ден за заслужено славје, но сепак ги замолува граѓаните тоа да биде со почитување на мерките за заштита.

    „Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче.

    По победата на нашата фудбалска репрезентација во центарот на Скопје се слави со свирежи од возилата. Засега нема помасовни собири на граѓани на Плоштадот Македонија.

    Според последните мерки кои што ги донесе Владата за заштита од коронавирусот забрането е групирање на јавен простор на повеќе од четири лица преку цел ден, кафулињата се затвораат во 21 часот, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат без потреба надвор после 22 часот.

    Денес Министерството за здравство се регистрирани нови 1.295 болни од ковид-19, а за 24 часа починаа 26 лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира