„ФЛАЈДУБАИ“ ГИ ОДЛОЖИ ЛЕТОВИТЕ ЗА СКОПЈЕ ДО МАРТ 2021

    „ФЛАЈДУБАИ“ ГИ ОДЛОЖИ ЛЕТОВИТЕ ЗА СКОПЈЕ ДО МАРТ 2021Летовите за Скопје на „Флајдубаи“се очекува да продолжат на 29 март 2021, двапати неделно, соопшти компанијата; - Авион на „Флајдубаи“ на аеродромот во Дубаи. (Фото: Флајдубаи)

    Авиокомпанијата „Флајдубаи“ го одложи до март почетокот на летовите за Скопје, наместо планираното од октомври, соопшти компанијата. Со тоа, земјава нема да биде директно поврзана со регионот на Персискиот Залив, откако неодамна „Катар ервејс“ ги прекина летовите за Скопје до следното лето.

    „Во овој момент, услугите на ‘Флајдубаи’се очекува да продолжат на 29 март 2021 година, двапати неделно“, соопшти компанијата.

    Авиокомпанијата почна да лета за Македонија во октомври 2012 и оттогаш ја одржува рутата. Во рамките на поранешна Југославија, оваа компанија моментално има летови за Белград и Сараево кои ќе продолжат во текот на целата зима, пет и три пати неделно.

    Во Обединетите арапски емирати, чиј дел е Дубаи, во последниве 24 часа има 1,231 нови ковид позитивни и двајца починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира