ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ДАВАА ИСКАЗ ВО ПОЛИЦИЈА ЗА КРШЕЊЕ КОВИД ПРОТОКОЛИ, ВЕЛАТ НА РАКОМЕТНИОТ МЕЧ СО ДАНСКА БИЛЕ КАКО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КЛУБОВИ

    ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ДАВАА ИСКАЗ ВО ПОЛИЦИЈА ЗА КРШЕЊЕ КОВИД ПРОТОКОЛИ, ВЕЛАТ НА РАКОМЕТНИОТ МЕЧ СО ДАНСКА БИЛЕ КАКО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КЛУБОВИСпоред ковид протоколите за спортски настани, во салата не смее да има публика, а функционерите беа во салата и се пофалија со слика на социјалните мрежи. (Фото: Фејсбук)

    Директорите на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски, на затворот „Скопје“ во Шутка Филип Андонов, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и пратеникот Дарко Каевски попладнево беа повикани во полициска станица, откако синоќа присуствуваа на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Данска. Според протоколите за одржување спортски настани, во салата не смее да има публика, а функционерите не само што беа во салата туку и се пофалија објавувајќи слика на социјалните мрежи.

    „’За кого? За Македонија'”, беше напишано на фотографија од салата „Борис Трајковски“, која ја објавија функционерите по завршување на натпреварот.

    Галетановски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека на распитот во полициската станица Карпош објаснил оти на натпреварот присуствувал како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода, на покана на ракометната федерација.

    „Се прочитав на списокот кој што бил предаден во МВР еден ден пред натпреварот, на врата ме сместија уредно и го проследив мечот. Тврдам дека не прекршив ниту еден протокол и доколку Обвинителството пронајде вина во некоја моја постапка повикувам да постапи според законот“, вели Галетановски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира