ГАРАНЦИИТЕ НЕУСОГЛАСЕНИ, ОСТАНУВААТ ТРИ ДЕНА ИВАНОВ ДА МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ

    ГАРАНЦИИТЕ НЕУСОГЛАСЕНИ, ОСТАНУВААТ ТРИ ДЕНА ИВАНОВ ДА МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВНа три дена до истекот на рокот за мандатот, се уште не е усогласен текстот на гаранциите за унитарноста и не се знае кога лидерот на СДСМ Заев ќе се сретне со претседателот Иванов. - Заев пред Влада на 11 декември, кога кажа дека со пенкало победиле режим (Фото:СДК.МК)

    Тешко оди усогласувањето на текстот за гаранциите што ги побара претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за состав на влада на лидерот на парламентарното мнозинство Зоран Заев, велат извори од мнозинството за САКАМДАКАЖАМ.МК и засега не откриваат во која форма ќе биде текстот за шефот на државата. Иванов по втор пат има уставен рок, овојпат до 19 мај да му го даде мандатот на Заев, но сега и да не го даде, од парламентарното мнозинство најавија дека ќе формираат влада и без негова согласност.

    Непосредно пред истекот на уставниот рок, Иванов се подготвува да замине во странство. Неофицијално, Иванов на 18 мај пак ќе оди на работна средба во странство. Викендот за 1 мај, Иванов беше во Турција, на родителска средба на турски универзитет каде студира неговиот син.

    Службен весник дури на 9 мај објави дека Собранието има нов спикер Талат Џафери и веднаш по објавата, Џафери уште еднаш испрати писмо до Иванов дека е формирано мнозинство во Собранието. Според Уставот, „Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира