ГДОМ ПРЕД СДСМ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ „ВНАТРЕШНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ“

    ГДОМ ПРЕД СДСМ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ „ВНАТРЕШНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ“

    Приврзаниците на власта предводени од раководството на ГДОМ вечерва протсетираат пред седиштето на СДСМ.

    Александар Пандов, еден од организаторите вели дека Македонија е нападната од внатрешен непријател, платениците на Сорос и од странски служби кои сакаат да го разединат македонскиот народ.

    Членовите на ГДОМ се добро организирани. Тие дојдоа со автобуси од повеќе места во Македонија во центарот на Скопје и потоа се упатија кон седиштето на СДСМ. Таму ги пречека кордон полиција.

    Демонстрантите викаат „ВМРО!“

    „Оваа идеја е поддржана од СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев. Луѓето кои се најодговорни за оваа криза, за омаловажувањето на македонските институции и на сѐ што е македонско, од пред три дена се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов. И вчера и денеска, собрани сме од цела Македонија и нашето незадоволство ќе го искажеме пред штабот на СДСМ. И вчера и денеска не фрливме ни еден камен, ниту пак предизвикавме неред. Тоа го прават луѓе кои се платени за тоа, за уништување на народниот имот и на македонските институции. Тука ќе се собираме сѐ додека протестираат оние кои сакаат да ги уриваат македонските државни институции“, рече Пандов.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари