ГЕРМАНИЈА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГРА СО ТРПЕНИЕТО НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Брисел(МЕТА)

    ГЕРМАНИЈА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГРА СО ТРПЕНИЕТО НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

    Германија е „екстремно загрижена за внатрешно-политичката состојба во Македонија“, порача денеска од Брисел германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, и потенцира дека земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

    „Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението на меѓународната заедница и на Европската Унија и мора да остварат конкретни резултати. Македонија повеќе не смее да се оддалечува од Европа, туку мора да се врати назад на патот на приближувањето кон ЕУ“, изјави Рот.

    На инсистирање на Германија, состојбата во Македонија е ставена на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

    Пред две недели, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер за свој специјален претставник за Македонија го изменуваше Јоханес Хајндл, актуелен амбасадор на Германија во Виена, кој во два наврати ја посети земјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари