ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА НА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 СЕ ЗАТВОРЕНИ ВО ПЛИКО И ЌЕ СЕ БРОЈАТ В СРЕДА ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО, ВЕЛАТ ОД ДИК

    ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА НА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 СЕ ЗАТВОРЕНИ ВО ПЛИКО И ЌЕ СЕ БРОЈАТ В СРЕДА ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО, ВЕЛАТ ОД ДИКГласачките ливчиња од гласачите позитивни на КОВИД-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Дезинформации и шпекулации се информациите во јавноста дека се броеле гласачките ливчиња на болните од КОВИД-19 кои гласаа вчера, велат од Државната изборна комисија. На денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани кажа дека ливчињата на граѓаните кои гласаа вчера се затворени во плико и ќе се бројот в среда по завршување на гласањето заедно со другите гласачки ливчиња.

    „Овие гласачки ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат и да се извадат од пликото. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на КОВИД-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда. Истите тие ливчиња се вадат од пликоата и се спуштаат во гласачката кутија без да се провери за кого е гласано. Тие гласачки ливчиња се мешаат со сите останати гласачки ливчиња на 15 јули кога гласаат сите останати гласачи, така што резултатите од сите ќе бидат прикажани кога ќе заврши гласањето на 15“, кажа Шабани.

    Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со КОВИД-19 или во изолација. Денеска ќе се гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира