ГО ВРАТИВ ДОСТОИНСТВОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО 25 ДО 40 % ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ, ОБЈАВИ ФИЛИПЧЕ ПРЕД ПРЕДАВАЊЕТО НА МИНИСТЕРСКАТА ФУНКЦИЈА НА БЕКИМ САЛИ

    ГО ВРАТИВ ДОСТОИНСТВОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО 25 ДО 40 % ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ, ОБЈАВИ ФИЛИПЧЕ ПРЕД ПРЕДАВАЊЕТО НА МИНИСТЕРСКАТА ФУНКЦИЈА НА БЕКИМ САЛИФилипче беше министер за здравство 4 години, од кои две години во време на пандемијата на ковид-19.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство од денеска ќе го раководи кадарот на Алтернатива Беким Сали, кој ќе го замени на функцијата досегашниот министер Венко Филипче. Филипче беше министер за здравство 4 години, од кои две години во време на пандемијата на ковид-19.

    Во обраќање до јавноста пред примопредавањето на функцијата Филипче вели дека и покрај сите предизивици со глобалната ковид-криза, направени се темелни промени во здравството, на кои е горд.

    „Го вративме достоинството и мотивацијата на здравствените работници со покачување на платите како никогаш порано. Тие сега земаат повисоки плати од 25 до 40%, а специјализантите за првпат се платени додека специјализираат. Верувам дека новата Влада ќе продолжи да ги покачува платите бидејќи здравствените работници тоа го заслужуваат“, вели Филипче во видеото што го објави неговиот кабинет.

    „Се грижевме за сите пациенти подеднакво како и за оние кои порано беа игнорирани и заборавани. Обезбедивме лекови за пациентите со ретки болести. Нема ниеден пациент без достапен лек затоа што секој човек е важен, а воспоставивме и регистар за ретки болести. Нашата земја конечно нема лекови од паралелен увоз, ги укинавме и квотите, и сега сите лекови се квалитетни и достапни во секое време. Реновирани се 50 здравствени установи, клиники и хируршки сали кои се опремени по највисоки светски стандарди. Набавивме медицинска опрема која овозможува операциите, за кои порано пациентите одеа во странство, сега да ги правиме дома. Набавивме најсовремени апарати, 9 компјутерски томографи и 7 магнетни резонанци“, вели Филипче.

    Тој вели дека во изминатиот период намалена е смртноста на новороденчиња за за три пати. Во неговиот мандат изведена е првата успешна трансплантација на срце, а потоа се изведени уште 5 со што е направен историски чекор во македонската кардиологија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира