ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ГРЦИЈА ВО БЛИЗИНА НА „МЕЏИТЛИЈА“, ЗАСЕГА НЕМА ОПАСНОСТ ДА СЕ ПРОШИРИ НА МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА

    ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ГРЦИЈА ВО БЛИЗИНА НА „МЕЏИТЛИЈА“, ЗАСЕГА НЕМА ОПАСНОСТ ДА СЕ ПРОШИРИ НА МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈАПожарот на отворено го гаснат поголем број на грчки пожарникари со подршка на 4 грчки ПП авиони.(Фото: ЦУК)

    Пожар утрово избувнал во Грција во непосредна близина на граничниот премин Меџитлија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи стапено е во контакт со грчките власти и засега пожарот не е проширен кон македонската граница.

    „Пожарот на отворено го гаснат поголем број на грчки пожарникари со подршка на 4 грчки ПП авиони. Грчкиот 112 ќе нѐ извести благовремено доколку пожарот тргне кон македонската страна од границата. За опасноста од овој пожар известена е ДЗС каде подготвен за полетување чека еден Ер трактор. Стапивме во контакт и со МВР за да испратат патрола која благовремено ќе извести доколку пожарот ја премине граничната линија“, вели директорот на ЦУк Стојанче Ангелов.

    Денес на располагање за гаснење на евентуални пожари на отворено има два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер како и два Ер трактори на ДЗС

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира