ГРАЃАНИТЕ КОИ ДОБИЛЕ ВИСОКИ СМЕТКИ ОД ЕВН МОЖЕ ДА СЕ ЖАЛАТ ВО РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

    ГРАЃАНИТЕ КОИ ДОБИЛЕ ВИСОКИ СМЕТКИ ОД ЕВН МОЖЕ ДА СЕ ЖАЛАТ ВО РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈАОд Регулаторна велат дека во изминатиов период имале поплаки од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување. (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните кои добиле високи сметки за струја можат да поднесат приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Од Регулаторна велат дека во изминатиов период имале поплаки од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување

    „Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, истите може да поднесат претставка до РКЕ. Комисијата за жалби која функционира во Комисијата ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување. Ние по овие претставки постапуваме веднаш“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

    Од Регулаторна велат дека потрошувачите имаат можност за контрола на начин што самостојно ќе ги отчитаат броилата, по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН, со што врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената електрична енергија.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира