ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ УАПСИЛА ИЗБЕГАНИТЕ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ, ТВРДАТ ИЗВОРИ ОД МВР

    ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ УАПСИЛА ИЗБЕГАНИТЕ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ, ТВРДАТ ИЗВОРИ ОД МВРПрофилите на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во бегство од 26 јули, беа објавени на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи во делот „Потраги“ на 30 јули.

    Избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски по кои што МВР трагаше нецели три месеци, вечерва се уапсени од грчката полиција во Солун, потврдија извори од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК кои сакаат да останат анонимни затоа што не се овластени да даваат изјави во јавноста. Двајцата треба да бидат спроведени во притвор, откако Апелациониот суд им одреди притвор на барање на Специјалното јавно обвинителство, а Врховниот суд ги одби нивните жалби.

    МВР на 26 јули не ги најде дома двајцата обвинети од СЈО во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, откако Апелациониот суд на 18 јули им одреди притвор. Наредбата од Апелациониот суд за нивно спроведување во истражниот затвор во Шутка дојде во МВР вечерта во 21 часот на 26 јули, откако претходно попладнето Врховниот суд ги одби нивните жалби против одлуката на Апелација.

    Откако обвинетите не беа пронајдени во нивните домови и на повеќе локации во земјава за кои што МВР имало оперативни сознанија дека ги користат за криење, МВР распиша меѓународна потерница за нив.

    Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.

    Ексначалникот на Петтата управа во МВР Грујeвски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Вработениот во УБК Бошкоски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира