ГРЦИЈА БЛОКИРА ТРИ МЕМОРАНДУМИ ОТИ ЗАЕВ НАПИША МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТВИТЕР

    ГРЦИЈА БЛОКИРА ТРИ МЕМОРАНДУМИ ОТИ ЗАЕВ НАПИША МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТВИТЕРЗаев го објави твитот додека присуствуваше на натпреварот со Холандија на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам. (Фото: Твитер)

    Грција денеска го повика премиерот Зоран Заев целосно да го спроведува Преспанскиот договор во врска со името на земјата, вклучувајќи ги и меѓународните спортски натпревари и најави блокада на три меморандуми за соработка.

    Атина реагираше на твит на Заев за настапот на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

    „Бараме целосно спроведување на Преспанскиот договор и го повикуваме Заев да се воздржи од реториката на поделби, особено во така чувствителна тема како што е фудбалот. Имплементацијата на Договорот во секој поглед е еден од критериумите за пристапување на земјата во Европска Унија“, изјави портпаролката на грчката влада Аристотелија Пелони.

    Весникот „Катимерини“ пишува дека Атина ќе ја одложи парламентарната ратификација на три меморандуми за соработка помеѓу двете земји, што место во јули, ќе се случи најрано во септември. Ова било порака до Заев да разбере дека има обврски што не смее да ги игнорира.

    Присуствувајќи на натпреварот Македонија-Холандија на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам во понеделникот, Заев твитна дека дава „силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“.

    Според Договорот од Преспа, само државни институции треба да ја заменат придавката „македонска“ со „на Северна Македонија“. Фудбалската репрезентација не е државна институција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира