ГРУЕВСКИ ИМА СТАТУС НА БЕГАЛЕЦ И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИСПОРАЧАН ВО ЗЕМЈА ОД КОЈА ШТО ИЗБЕГАЛ, ОБРАЗЛОЖИ СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА

    ГРУЕВСКИ ИМА СТАТУС НА БЕГАЛЕЦ И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИСПОРАЧАН ВО ЗЕМЈА ОД КОЈА ШТО ИЗБЕГАЛ, ОБРАЗЛОЖИ СУДОТ ВО БУДИМПЕШТАУнгарската канцеларија за имиграција и азил првично му одобри статус на бегалец на Груевски на 20 ноември 2018, а на 5 април 2019 ја потврди одлуката, која е конечна. - Груевски утринава во судница во Будимпешта (Фото: СДК.МК)

    Судот во Будимпешта денеска го одби барањето за екстрадиција од македонските власти за азилантот Никола Груевски со образложение дека неговиот статус на бегалец е пречка за негово враќање во Македонија сега и во иднина, пренесе унгарскиот весник „ХВГ“.

    Како што кажала судијката Ева Варежи по денешното рочиште, според унгарскиот закон, лице на кое му бил одобрен статус на бегалец не може да биде екстрадирано во земјата од која што избегало.

    Унгарската канцеларија за имиграција и азил првично му одобри статус на бегалец на Груевски на 20 ноември 2018, а на 5 април 2019 ја потврди одлуката, која е конечна.

    Македонските власти бараат екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, но и за истрагата за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира