ГРУЕВСКИ НА МОБИЛЕН ЈА ПРОЧИТА ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИЈА ЗА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА, НА СУДЕЊЕ ЗА „ТИТАНИК“ ЗА ТЕШКИ ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

    ГРУЕВСКИ НА МОБИЛЕН ЈА ПРОЧИТА ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИЈА ЗА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА, НА СУДЕЊЕ ЗА „ТИТАНИК“ ЗА ТЕШКИ ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИГруевски утринава влегува во Основнот суд Скопје 1 за рочиште од предметот на СЈО „Титаник“ (Фото: К. Попов)

    Одлуката на Апелациониот суд Скопје со која му е потврдена двегодишната затворска казна за нарачката на луксузен мерцедес од 600 илјади евра по негова желба од осиромашениот буџет на МВР, поранешниот премиер Никола Груевски ја прочита на мобилен телефон во судница. Во Основниот суд Скопје 1 утринава се пуштаат прислушувани разговори за тешки изборни нерегуларности во предметот на СЈО „Титаник“, за кои и тој е обвинет, заедно со уште 20 лица.

    Над една година затвор осудено лице со правосилна пресуда, според законот, може да бара до Врховниот суд преиспитување на правосилната пресуда со вонреден правен лек. Но, Врховниот суд, односно петчлениот кривичен совет каде на чело е Јово Вангеловски, не може да одлучи веднаш, туку треба првин да побара мислење од Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

    Праксата, велат во Врховниот суд, е во вакви случаи процедурата да трае и до четири па и пет месеци. Ако во меѓувреме нема некоја причина од сериозни здравствени проблеми, одлуката за извршување на затворската пресуда се спроведува веднаш, без оглед дали осуденото лице се обраќа до Врховниот суд со вонреден правен лек.

    Од 1.000 бомби за изборите во 2011 и во 2013 година, досега се пуштени околу 400. Пауза судијата Осман Шабани сè уште не дал, судењето почна во 10 часот. Груевски седи во прв ред и слуша како се вршел притисок да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ деца сираци кои станале полнолетни во домовите за деца без родители, врз вработени во администрацијата, професионални војници, касиерки во Тинекс, наставници и директорки во училиште, жители на општина Центар, затвореници, не се бираат средства и начини да се тераат да гласаат за партијата на Груевски. Се влечат луѓе од Австрија, Италија, Словенија и Србија, донесени се луѓе од Пустец, ама само Цигани има малку, како што вели обвинетиот Мике Јанакиески. Имало 400 во Центар.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира