ГРУЕВСКИ НА ЖБОГАР И НА БЕЈЛИ ИМ РЕКОЛ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА КОНТРОЛИРА РЕВОЛТИРАНИ ГРАЃАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ НА ЖБОГАР И НА БЕЈЛИ ИМ РЕКОЛ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА КОНТРОЛИРА РЕВОЛТИРАНИ ГРАЃАНИ

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на амбасадорите на ЕУ и на САД Самуел Жбогар и Џес Бејли им рекол дека не може да им одговори дали ќе ги смири страстите на неговите приврзаници кои протестираат пред Државната изборна комисија, соопшти партијата.

    „ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека подржува мирни демонстрации и не подржува говор на омраза, но дека жали што Брисел и меѓународната заедница не изразуваше ваква загриженост и во претходните две години додека се одвиваа демонстрациите“, стои во соопштението од средбата со Жбогар.

    Тој, според она што го соопшти партијата очекувал лидерство во правец на неескалирање на состојбите, „на што беше одговорено дека не може да се предвиди што ќе се случи, бидејки има голем број револтирани граѓани чии постапки не може да се предвидат и целосно контролираат доколку институциите не работат согласно законот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    И амбасадорот на САД Џес Бејли апелирал дека е добро да се смират страстите на луѓето кои протестираат и прашал која ќе е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на ДИК. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека му било одговорено „дека партијата не е во можност во моментот да му одговори на тоа прашање“.

    „Беше прашано дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги почитува одлуките кои ДИК ќе ги донесе. Беше одговорено дека прашањето е хипотетичко и дека ќе бидат поддржани одлуки кои се во согласност со законот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Амбасадорот Бејли, според соопштението потенцирал дека „САД се пријатели на Република Македонија, иако некои членови на партијата според неговото мислење не го делат тој став“.

    „Беше одговорено дека ВМРО-ДПМНЕ нема дилема околу членството во НАТО, ЕУ и односите со САД, а најдобар доказ за тоа е потпишаната декларација за стратешко партнерство, но дека тоа не значи дека некој поединеци, партијата или државата не може да изрази некое несогласување со некои чекори на поединци кои ги преставуваат САД,“ стои во соопштението од партијата по средбата со Џес Бејли.

    На средбите со двата амабасадори покрај Никола Груевски биле и неколку високи партиски функционери.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира