ГРУЕВСКИ НЕ ОДИ НА ПРЕГЛАСУВАЊЕ, ЗАЕВ ПОВИКА НА ТРПЕНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ НЕ ОДИ НА ПРЕГЛАСУВАЊЕ, ЗАЕВ ПОВИКА НА ТРПЕНИЕ

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва пред Државната изборна комисија најави дека ако има прегласување неговата партија нема да учествува и нема да ги признае резултатите, по што лидерот на СДСМ Зоран Заев преку Фејсбук повика на трпение и воздржаност и ги повика институциите да си ја завршат својата работа согласно Уставот и законот.

    Вечерва во ДИК заврши расправата и за последниот приговор на СДСМ за избирачко место во Теарце, кој на крај беше одбиен, откако гласањето во ДИК беше 4:4. „За“ гласаа претседателот на ДИК Чичаковски, независниот експерт Прекопуца и двајцата претставници на СДСМ Милев и Дума, а „против“ беа независниот експерт Урумов, Бонева и Срцев од ВМРО-ДПМНЕ и Ибраими од ДПА. Јакупи од ДУИ не присуствуваше на гласањето.

    Груевски пред приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ собрани пред ДИК рече и дека неговата партија веќе нема да учествува во преговори со странски олеснувачи, а најави и „десоросоизација“ на Македонија.

    „Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по примерот на напредните демократии во светот“, кажа Груевски.

    По говорот на Груевски, демонстрантите се разотидоа од пред седиштето на ДИК.

    Заев преку својот фејсбук профил порача дека од одлуките на ДИК и Управниот суд не зависи кој ќе формира Влада, „но тие се важни заради вистината и фактите“.

    “Да не дозволиме никакви провокации од никого вклучително и од оној што 10 години ја упропастуваше Македонија. Неговото време заврши“, порача Заев и напиша дека промените ќе се случат.

    „Доаѓа слобода за сите граѓани, за сите кои гласаа за промени и за сите кои беа уценети и притиснати од Груевски“ додаде лидерот на СДСМ на својот фејсбук профил откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека неговата партија нема да учествува на прегласување ако таква одлука донесат ДИК и Управниот суд и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

    Според првичните, но не и конечни резултати соопштени од ДИК, на изборите во неделата ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, а СДСМ 49. ДИК вчера прифати еден приговор на Беса за гласачко место во Гостивар и го поништи гласањето. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира