ГРУЕВСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НАРОДОТ ВРИЕ, А ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ДРЖИ ПОД КОНТРОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НАРОДОТ ВРИЕ, А ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ДРЖИ ПОД КОНТРОЛА

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва изјави дека е под притисок на илјадници граѓани кои бараат поддршка од него за „поодлучна народна акција“ за излез од политичката криза. Во говорот по повод прославата на 26 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го обвини СДСМ дека сака да дојде на власт со деструктивни сценарија, и рече дека „се губи трпението кај народот пред неправдите кои ги гледа“.

    „Ако вака продолжат, колку и јас и моите соработници да сме толерантни и наколонети кон решавање на проблемите преку дијалог и демократски методи, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, дека народот врие, и дека во еден момент може да му дојде преку глава, и да влеземе во нова фаза, која нема да е добра за земјата, а најмалку за оние кои глумат некакви револуционери за дебели пари и туѓи интереси“, рече Груевски на прославата во Музејот на македонската борба.

    Тој рече и дека СЈО е коалиционен партнер на СДСМ, и дека „незнаејки како уште повеќе да го притискаат судот, партиско мотивираното водство во СЈО почнаа да отвораат истраги за сѐ и сешто, празни истраги без елементарен доказен материјал. Ова е една од новите стратегии на СЈО.  Целта не е само да се компромитираат и јавно осомничат политичарите дека нешто се виновни“. Груевски застана и во одбрана на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е под истрага за корупција во случајот на СЈО Транспортер, и кому судот викендов му изрече куќен противор. Груевски рече дека тоа е политичка хајка против него.

    Груевски јавно ги повика членовите на ДИК, да направат таква проверка на гласачите каква што сака СДСМ, и да не губат ни ден.

    „Јас знам дека сите проверки се детално направени и сѐ е чисто, ама еве да им го избиеме тоа алиби на СДСМ, пак нека направат, по терк, по методологија каква тие сакаат, иако и методологијата по која веќе се направија проверките беше прифатена и потпишана од СДСМ. За медиумите, за изборниот период заедно усвоивме законски измени и тој не е спорен ни од СДСМ, така што тоа не ги загрозува изборите. За после изборите, која земја од ЕУ сакаат нека ја посочат како најнапредна во овој дел, нејзиниот закон да го превземеме. По фер понуда, здравје. Единствено бараме од СДСМ да се откаже од идејата за воведување цензура во медиумите, и од желбата тие да бидат главен цензор во земјата и да кажуваат како новинар да мисли и да пишува и говори“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари