ГРУЕВСКИ ТРГНИ ГИ КАНЏИТЕ ОД СЈО,ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД ВЛАДА СО НАЈМАСОВЕН ПРОТЕСТ ДОСЕГА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ТРГНИ ГИ КАНЏИТЕ ОД СЈО,ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ПРЕД ВЛАДА СО НАЈМАСОВЕН ПРОТЕСТ ДОСЕГА

    Антивладините демонстранти пред Влада беа на најмасовен протест досега. Делеа пари „владимирки“, а имаат и транспаренти на кои пишува „Битола не е на продажба“. Се пее „Во борба македонски народе“, свират труби и свирчиња. Во еден глас се скандира „Леле Никола колку сме, не ви се плашиме“. И последните маскирани чаталџии ги симнаа маските, а демонстрантите прв им се обрати Павле Боговевски кој синоќа беше уапсен па ослободен во обид да направи герила акција.

    „Сите се дел од промената, гласот на граѓаните мора да важи, да се чуе секаде. Заедно со партиите, сите кои го кренаа гласот против ова злосторничко здружение. Груевски тргни ги канџите од СЈО, Уставниот суд мора да се произнесе и да не ја држи правдата во заложништво“, рече Богоевски.

    Демонстрантите пееја „Никој не се плаши, слобода се раѓа, пазете луѓе Владата ќе паѓа“.

    Владимир Куновски од „Левица“ кој помина 50 дена во притвор, беше меѓу говорниците пред Влада. Рече дека на протестите гледа како на ментален Илинден и наглсаси дека ова се историски моменти  во кои гражаните се обединети за формирање на нова граѓанска, демократска и социјална држава.

    По него, говор имаше Радмила Шеќеринска кој рече дека нема шански за уште едни криминални избори.

    „Молк веќе нема во Македонија, стравот  сега е само во една фамилија и таму ќе остане. Груевски сака да го сврти народот против народот, но нема шанси. Корупцијата има име и презиме и еден излез од кризата- оние кои краделе треба да одговараат“, рече Шеќеринска.

    Вечерва меѓу демонстрантите е и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој се придужи на Шарената револуција уште пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Таму демонстрантите ги надлетуваше дрон додека се собираа.

    Шарената револуција за вечерва најави дека излегува на протест за режимот да го почувствува гневот на народот по истекувањето на рокот за исполнивање на двете главни барања. Демонстрантите бараа Уставен суд итно да закаже седница на која ќе ја разгледува уставноста на СЈО и бараа да престане прогонот на демонстрантите. Вчласта не ги исполни, напротив, продолжи да апси активисти на Шарената револуција.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира