ХАН ДОАЃА В ПОНЕДЕЛНИК НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА, ПРИБЕ ВО ВТОРНИК, ПОТВРДИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИ

    ХАН ДОАЃА В ПОНЕДЕЛНИК НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА, ПРИБЕ ВО ВТОРНИК, ПОТВРДИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИЕврокомесарот Јоханес Хан следната недела ќе учествува на отворена владина седница. - Хан на средбата со Зоран Заев на 22 март. (Фото: СДК.МК)

    Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан ќе дојде во Скопје следниот понеделник и ќе учествува на отворена владина седница, а веќе следниот ден во Македонија ќе допатува германскиот експерт Рајнхард Прибе, потврди вицепремиерот Бујар Османи.

    „Посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и неговото учество на отворена владината седница е најверојатно преседан за Македонија, со што се создава нова клима. На Хан ќе му предложиме нацрт-план со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети“, изјави Османи на денешната прес-конференција во Владата.

    Прибе, кој ја предводеше експертската група во 2015 година и ги предложи Итните реформски приоритети за новата влада, следната недела во вторник доаѓа на конференција на МАНУ, а повторно ќе се врати во Македонија следниот месец.

    „Станува збор за одлична одлука на Хан да го вклучи и Прибе. Неговото име стана синоним за реформите, па и малите деца да ги прашате, го знаат неговото име. Тој може подобро да зборува за тоа што треба да се преземе, така што неговиот придонес за Македонија е од голема важности и ќе ни даде и нови насоки. Ова зборува дека работите се придвижуваат“, додаде Османи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира