ХАН: ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО НЕ Е МРТОВ И ВАЖНО Е ДА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ХАН: ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО НЕ Е МРТОВ И ВАЖНО Е ДА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ

    Договорот од Пржино има иднина и тоа што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, вели еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Радио Слободна Европа“.

    – Има иднина. Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени или малку подоцна. Затоа, финалната битка е да има избори. Но, јас мислам дека она што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница. Тоа значи дека мора да има чист избирачки список, мора изборите да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. Тоа е она што е важно во моментов – вели Хан, одговарјќи на прашањето дали Договорот од Пржино има иднина и покрај протестите во земјава.

    Според него, исто така важно е да се зачува евроатлантската перспектива. Еврокомесарот додава и дека политичките партии се способни да постигнат согласност сами, а Европската Унија е подготвена да посредува.

    Во врска со можноста поради мигрантската криза да нема проширување на Европската Унија до 2029 година, Хан вели дека никој не верува оти во наредните две-три години ќе има проширување затоа што земјите кандидатки не се доволно зрели за прием во ЕУ.

    – Јас би рекол дека сегашниот бегалски или мигрантски бран е нешто што нè погодува сега. И никој не верува дека ќе има каков било вид на проширување во следните две-три години, затоа што земјите кандидатки не се, така да се каже, доволно зрели за проширување. Но, сегашната бегалска криза, можам да кажам, откри некои културни разлики кои уште постојат меѓу земјите членки на ЕУ и тука треба нешто да направиме. Европа е изградена врз солидарност и ние треба да соработуваме, а не да се исклучуваме едни со други – вели еврокомесарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари