ХАН ЌЕ ОДЛУЧИ КОГА ЌЕ СЕ РАСПУШТИ СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХАН ЌЕ ОДЛУЧИ КОГА ЌЕ СЕ РАСПУШТИ СОБРАНИЕТО

    Собранието нема да се распушти на 12 октомври, односно 60 дена пред предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Причина за одлагањето е неусвојувањето на буџетот за 2017 година. Парламентот закажа редовна седница за 13 октомври.

    Од Собранието велат дека за да се стави на дневен ред распуштањето треба некој од пратениците или политичките партии кои имаат пратеници да поднесат предлог за распуштање. Сѐ додека нема предлог, Собранието ќе работи.

    Според законот, Собранието треба да се распушти од 45 до 60 дена пред избори или најдоцна до 27 октомври. Покрај буџетот, пратениците до 27 октомври треба да ги корегираат Изборните единици поради поголемиот број гласачи во 6-тата Изборна единица, да ги донесат измените на Законот за заштитени сведоци, кои предходно беа одбиени од пратениците, а лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов пак ги поднесе во Собранието. До тогаш треба и Уставниот суд да се изјасни дали формирањето на СЈО е неуставно.

    За сите овие прашање лидерите треба да разговараат со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан в петок на 14 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира