ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИНСИСТИРА НА СТРОГ И ПРАВИЧЕН ПРИСТАП ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ НА ЕУ СО МАКЕДОНИЈА

    ХОЛАНДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИНСИСТИРА НА СТРОГ И ПРАВИЧЕН ПРИСТАП ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ НА ЕУ СО МАКЕДОНИЈАХоландскиот амбасадот Воутер Пломп се поздравува со Артан Груби, претседателот на собраниската Комија за европски прашања, за време на расправата за договорот со Грција. (Фото: СДК.МК)

    На дебатата на 21 јуни холандскиот парламент го потврди принципот на строг и правичен пристап кога станува збор за отворање на преговорите за членство во Европската унија, велат од Холандската амбасада во Скопје по извештаите во албанските медиуми дека холандскиот парламент гласал против Албанија, а во корист на Македонија.

    Холандија го поздравува позитивниот развој на настаните во Македонија и историскиот договор за прашањето со името во пресрет на состанокот на Советот на Европската унија, кој ќе донесе одлука дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.

    „Холандија го поздравува позитивниот развој на настаните во Македонија и историскиот договор за прашањето со името. На дебатата на 21 јуни холандскиот парламент го потврди принципот на строг и правичен пристап кога станува збор за отворање на преговорите за членство во Европската унија. Одлуката ќе биде донесена од Советот на Европската унија наредната недела“, велат од Холандската амбасада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира