ХРВАТСКА УСВОИ ЗАКОН СО КОЈ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИВААТ ДОЛГОРОЧНИ ВИЗИ ЗА ЕУ, ВЕЛИ НИКОЛОСКИ

    ХРВАТСКА УСВОИ ЗАКОН СО КОЈ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИВААТ ДОЛГОРОЧНИ ВИЗИ ЗА ЕУ, ВЕЛИ НИКОЛОСКИПревозниците во јануари ги блокираат сите гранични премини по одлуката за дозволен престој во ЕУ од 90 дена. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи од Македонија ќе добиваат долгорочни визи за да можат без пречки да возат во Европската Унија.

    „Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на „Влез-Излез“ – ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските професионални возачи.

    Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат”, напиша на својот фејсбук профил Николоски.

    Превозниците во јануари ги блокираа сите гранични премини во државата. Блокадата следеше по одлуката на Европската комисија од април на превозниците кои со камиони превезуваат производи и стока да им биде дозволен престој во земјите во Шенген зоната само 90 дена.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира