И БЕЗ ЈАНЕВА, ИЗВЕШТАЈОТ НА ЗВРЛЕВСКИ НЕ ДОЈДЕ НА РЕД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И БЕЗ ЈАНЕВА, ИЗВЕШТАЈОТ НА ЗВРЛЕВСКИ НЕ ДОЈДЕ НА РЕД

    Специјалната обвинителка Катица Јанева, како што најави вчера, денеска не се појави пред собраниската Комисија за политички систем, пред која од средата одговараше на прашањата на пратениците за шестмесечниот извештај за нејзината работа.

    Но, и покрај тоа што втора точка на дневен ред е Извештајот на јавното обвинителство на РМ на обвинителот Марко Зврлевски, сепак, Комисијата во отуство на Јанева, не ја продолжи работата со отворање раправа по извештајот на Зврлевски. Од деловнички причини, како што беше кажано, Комисијата се одложи за утре во 11 часот.

    За утре во 11 часот, пак, закажана е седница на Советот на јавни обвинители на РМ, каде треба Јанева да се појави и да го образложи извештајот и таму.

    Пратениците од опозицијата сметаат дека со одлагањето на денешната седница, место да продолжи работата со извештајот на Зврлевски, целта е никогаш на пленарна седница да не се разгледува неговиот извештај.

    ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја повика да се врати на седница и потврди дека се додека не заврши со точката за извештајот на Јанева, не може да се прејде на таа на Зврлевски. Нема да може ни да се оди на пленарна седница за извештаите, најави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
    Јанева вчера кажа дека повеќе не може да го трпи мобингот што и се врши во Комисијата за политички систем, замина и рече повеќе нема да се врати на расправа во Комисијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира