Повторно се испратени закани за поставена бомба во дел од скопските средни училишта. Утрово околу 9.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронските адреси на две средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Oколу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Заканите за поставени бомби минатите две недели се испраќаа попладне, кога се одржуваше втора смена. Сега се испраќаат наутро кога истите ученици од втора и четврта година се прва смена.
А. АНТЕВСКА