И ДОГОДИНА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДУПКАТА ВО БУЏЕТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ДОГОДИНА ЕВРООБВРЗНИЦА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДУПКАТА ВО БУЏЕТОТ

    И догодина Македонија ќе издаде еврообврзница. Со неа треба да се покрие дел од буџетскиот минус, кој според Предлог-буџетот за2017 изнесува 302,5 милиони евра или 3% од БДП.

    „Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2017 и отплатата на  долговите  ќе  се  обезбедат  преку  задолжување  во  странство  со издавање  на  Еврообврзница  на  меѓународниот  пазар  на  капитал,  со задолжување  на  домашен  пазар  на  државни  хартии  од  вредност  и  со повлекување  на  средства  од  поволни  кредити  од  меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти”, пишува во Предлог-буџетот за 2017.
    Владата ќе се задолжи во странство со 286,7 милиони евра, а од домашните банки ќе позајми 289,9 милиони евра. По основ на стари кредити во 2017 треба да врати 301,2 милиони евра.
    Буџетот за догодина е проектиран со приходи од 3,05 милијарди евра и расходи од 3,35 милијарди евра. Капиталните инвестиции се планирани на 438,2 милиони евра.
    Буџетот е скроен врз претпоставен економски раст во 2017 година од 3%, раст на извоз од 6% и раст на увоз од 4,7%.
    За плати, во Предлог-буџетот се предвидени 435,09 милиони евра а за стоки и услуги расходите се 697,99 милиони евра. За социјални надоместоци, плаќања на бенефиции од Фондот за пензиско и надоместоци од Агенција за вработување и од Фондот за здравство, се планирани 1,12 милијарди евра.

    Владата на вчерашната седница го одобри предлог-буџетот за 2017 година и денеска тој беше доставен до Собранието. Вчера Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016, каде суштинска ставка во расходите е обештетувањето на жителите од поплавените села во Стајковци, Смилковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево и останатите настрадани села под Скопска Црна Гора.

    Пратеничката група на СДСМ најави дека ќе поднесе бројни амандмани, оти нема друг начин како да го спречи владејачкото мнозинство да го донесе новиот Буџет за 2017 пред изборите закажани за 11 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира