И ГРУЕВСКИ ПРОТЕЧЕ ВО ЕДЕН ОД УКРАДЕНИТЕ МЕЈЛОВИ НА КЛИНТОН, БАРАЛ ДА ГО ПОКАНАТ ВО САД

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ГРУЕВСКИ ПРОТЕЧЕ ВО ЕДЕН ОД УКРАДЕНИТЕ МЕЈЛОВИ НА КЛИНТОН, БАРАЛ ДА ГО ПОКАНАТ ВО САД

    Помеѓу илјадниците е-маил преписки украдени од приватната пошта на шефот на кампањата на Хилари Клинтон, Џон Подеста, Викиликс вчера објави и една што се однесува на Македонија.

    Во преписката помеѓу Џон Подеста и Џејк Саливен, советник за надворешна политика за претседателската кампања на Хилари Клинтон, со датум од 21 јули 2015 година, се споменува барањето на тогашниот премиер Никола Груевски да биде поканет на собирот на Клинтоновата Глобална иницијатива (организирана од Клинтоновата Фондација формирана од поранешниот претседател на САД Бил Клинтон). Годишните собири на Клинтоновата фондација се одржуваат во септември во Њујорк и главно се поклопуваат со деновите кога се отвараат годишните сесии на Генералното собрание на ОН. Редовен учесник на овие собири на Клинтоновата иницијатива е поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски.

    Подеста и Саливен споделуваат информација од политички советник во Фондацијата на Клинтонови. Тој ги информира дека некој од Кабинетот на премиерот на Македонија побарал да го поканат премиерот да учествува на Собирот, но тие не го поканиле бидејќи „тој веројатно ќе се повлече во јануари поради значајни притисоци“.

    Во преписката се додава дека „Чарли Купчан препорачува избегнување“.

    Чарлс Купчан е специјален помошник на претседателот Обама и виш директор за европски работи во Националниот совет за безбедност на Белата куќа. Тој на 15 април оваа година беше во Скопје и според соопштенијата од партиите, се сретна со четирите лидери – потписници на Договорот од Пржино.

    Протечената емаил преписка е од 21 јули 2015 година. Првиот договор од Пржино беше постигнат на 2 јуни, а вториот на 15 јули 2015 година.

    Подеста е роден Американец, но има и грчко потекло. Мајка му била Гркинка, а татко му Италијанец. Тој во преписката пишува „Јас уште ја викам ФИРОМ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира