ЕУ БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА БЕЗ ОДЛАГАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Брисел,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУ БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА АБОЛИЦИЈАТА БЕЗ ОДЛАГАЊЕ

    Европската комисија бара од партиите во Македонија итно да се осврнат на сериозната загриженост во врска со помилувањата на претседателот Иванов.

    Во заедничка изјава на потпретседателката на Европската Комисија Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан, се бара „помилувањата од 12 април да се повлечат без одлагање за да се заштити принципот на отчетност и да се избегне селективна правда„

    „Основен демократски принцип е дека граѓаните се еднакви пред законот„, стои во заедничката изјава на Могерини и Хан.

    “Одлуката на Уставниот суд го расчистува патот за Собранието да се собере и да ги одложи изборите на 5 јуни за чие одржување нема услови. Ова е обновена можност земјата да се занимава со бројните прашања што се во срцето на продолжената политичка криза. Патот напред мора да се дефинира заедно од сите главни политички партии, бидејќи само со зрел дијалог, инклузивност и посветеност на демократските принципи и на неопходните реформи и со нивно спроведување ќе се врати земјата на евро-атланскиот пат“, стои во заедничката изјава на Могерини и на Хан.

    Тие потсетуваат дека „сите партии мора да го зачуваат и почитуваат договорот од Пржино кој го постигнаа лани. Оваа рамка останува најдобриот начин за земјата да се извлече од моменталната криза. Мора да продолжи работата за подготовка на кредибилни избори како и за итни реформски приоритети, но низ инклузивен процес“.

    Во врска со помилувањата што ја предизвикаа Шарената револуција, во заедничката изјава се вели: „Партиите мора итно да се занимаваат со сериозната загриженост во врска со аболицијата на бројни функционери од страна на претседателот Иванов. Аболицијата од 12 април мора да биде неодложно отповикана за да се зачува принципот на отчетност, да се пресретне сериозната загриженост за неказнивоста и да се избегне селективна правда. Фундаментален демократски принцип е дека сите граѓани треба да се еднакви пред законот.“

    „Во истата смисла, партиите мора да гарантираат целосна поддршка на Специјалното обвинителство и да обезбедат негова непречена работа. Специјалното обвинителство и неговата работа се централни делови на договорот од Пржино“, се вели во изјавата.

    Могерини и Хан порачуваат дека „сите страни треба да избегнуваат интервенции со кои се ризикува поништување на долгогодишните напори на земјата и на меѓународната заедница за да се зајакне владеењето на правото“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари