И ВЕЧЕРВА ПРОТЕСТ И КОНТРАПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ

    И ВЕЧЕРВА ПРОТЕСТ И КОНТРАПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ

    Центарот на Скопје и вечерва е блокиран. Граѓаните што протестираат против одлуката на Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни се собраа пред седиштето на Специјалното обвинителство и тргнаа кон Собранието.

    На улицата Јордан Мијалков (поранешна Железничка) се собираат приврзаниците на власта организирани од  провладиното граѓанското движење ГДОМ. Тие после ќе се упатат кон седиштето на СДСМ.

    На улиците е видливо бројно полициско присуство.

    Приврзаниците на власта предводени од ГДОМ стигнуваат со автобуси од цела Македонија.

    За разлика од нив СДСМ ги откажа автобусите од внатрешноста и реши да не им се меша во организацијата на протестот на граќанските организации. Досегашната парола „Нема правда нема мир“ е замената со „Цело Скопје, аболициран град“.Сепак, од СДСМ не ја исклучуваат можноста како и претходните денови нивните членови, па и дел од раководството да се придружат на протестот организиран од повеќе граѓански организации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира