ИМАШЕ ЛЕКОВИ ЗА ПОЧИНАТИОТ ПАЦИЕНТ СО ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА, НО ПОРАДИ ВЛОШЕНАТА СОСТОЈБА НЕ ДОШОЛ ДА ГИ ПРИМИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ИМАШЕ ЛЕКОВИ ЗА ПОЧИНАТИОТ ПАЦИЕНТ СО ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА, НО ПОРАДИ ВЛОШЕНАТА СОСТОЈБА НЕ ДОШОЛ ДА ГИ ПРИМИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОАсоцијацијата на пациенти со пулмонална хипертензија „Момент плус“реагираше дека пациентот починал, бидејќи навреме не ја добил терапијата оти болеста била секундарна дијагноза и од Клиниката за кардиологија не го воделе како пациент со ретка болест. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство соопшти дека за починатиот пациент од пулмонална хипертензија биле обезбедени лекови, но дека поради влошената здравствена состојба воопшто не дошол да ги прими.

    „Преку Здружението ’Момент плус‘ бевме информирани за состојбата на пациентот, кој на наше големо жалење, пред неколку денови почина од пулмонална хипертензија. За него беше обезбедена терапија, но поради влошената состојба не дошол да ја прими. Пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаме за ретка болест, и за оваа болест министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување, туку таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања“, велат од Министерството за здравство.

    Во моментов во Македонија има 6 пациенти со ваква ретка болест, а според Министерство за здравство за сите има терапија која им е неопходна. За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа“, велат од Министерството за здравство.

    Асоцијацијата на пациенти со пулмонална хипертензија „Момент плус“ од Гевгелија вчера реагираше дека пациентот починал, бидејќи навреме не ја добил терапијата, бидејќи болеста била секундарна дијагноза и од Клиниката за кардиологија не го воделе како пациент со ретка болест, поради што не можел да прими од терапијата обезбедена преку Програмата за ретки болести на Министерството за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари