ИМОТОТ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е ЗАШТИТЕН, ГРАЃАНИТЕ КОИ ПЛАТИЛЕ СМЕТКИ ВО ПОШТА НА 12 АВГУСТ НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ ПОВТОРНО, ВЕЛАТ ОД НАРОДНА БАНКА

    ИМОТОТ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е ЗАШТИТЕН, ГРАЃАНИТЕ КОИ ПЛАТИЛЕ СМЕТКИ ВО ПОШТА НА 12 АВГУСТ НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ ПОВТОРНО, ВЕЛАТ ОД НАРОДНА БАНКАНародна банка на 12 август ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка и побара да биде отворен стечај. (архивска фотографија)

    Откако денеска Основниот граѓански суд Скопје го закажа првото рочиште за стечајната постапка за Еуростандард банка на 8 октомври, Народна банка соопшти дека штитејќи го интересот на депонентите и доверителите, активно ги презема сите активности кои што во периодот до отпочнување на стечајната постапка се нејзина законска надлежност.

    „Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите“, велат од Народна банка.

    Наедно, Народна банка ги известува граѓаните кои на 12 август 2020 година извршиле готовински и безготовински трансакции преку Еуростандард банка АД Скопје за плаќање сметки (струја, вода и др. давачки), вклучително и преку уплати во АД Пошта на Северна Македонија дека трансакциите ќе бидат реализирани во наредните неколку дена и нема потреба граѓаните да ги плаќаат истите сметки одново.

    Народна банка на 12 август ја укина дозволата за работа на Еуростандард банка, бидејќи, како што кажа тогаш гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, не ги исполнувала минималните услови за работа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира