ПОВЕДЕНИ СЕ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ ПРОТИВ 9 ЛИЦА ОД БИТОЛСКА ГИНЕКОЛОГИЈА, ОТКАКО ГИНЕКОЛОГ СИ ЈА ВНЕЛ СОПРУГАТА ДА ИЗВРШИ ЦАРСКИ РЕЗ ВРЗ РОДИЛКА, СООПШТИ ИНСПЕКТОРАТОТ

    ПОВЕДЕНИ СЕ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ ПРОТИВ 9 ЛИЦА ОД БИТОЛСКА ГИНЕКОЛОГИЈА, ОТКАКО ГИНЕКОЛОГ СИ ЈА ВНЕЛ СОПРУГАТА ДА ИЗВРШИ ЦАРСКИ РЕЗ ВРЗ РОДИЛКА, СООПШТИ ИНСПЕКТОРАТОТВо битолската Клиничка болница на први јануари царски рез на родилка извршила сопруга на еден од вработените гинеколози, која не работела во установата и е странски државјанин. (Фото: СДК.МК)

    По извршениот вонреден инспекциски надзор Државниот санитарен и здравствен инспкеторат (ДСЗИ) ќе достави известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот со битолската Клиничка болница, кога на први јануари царски рез на родилка извршило лице кое не работело во установата и е странски државјанин. Од ДСЗИ до Обвинителството ќе ја достават докуметацијата обезбедена при надзорот за натамошно постапување .

    Од Инспекторатот соопштија дека ќе издадат решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.

    „При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ констатираше дека директорот на установата во врска со случајот, преземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки“, оопшти Инспекторатот.

    Деновиве и полицијата поднесе кривични пријави за двајцата лекари од Одделението за гинекологија во Битола, Г. Ч. (60) и М. В. (33), кои дозволиле сопругата на помладиот од нив, која е невработен гинеколог, да изврши породување со царски рез во Болницата. Помладиот гинеколог чија сопруга била во родилната сала се товари дека сторил две кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа. За другиот доктор Г. Ч. кој беше и поранешен заменик-министер за здравство и владин национален координатор за здравство, поднесена е исто пријава за злоупотреба на службената положба, а за лекарката гинеколог која не била вработена и немала лекарска лиценца во земјава А. В (33) од Белград, Србијa, кривична пријава за надрилекарство.

    Според МВР, двајцата доктори гинеколози во ЈЗУ Клиничка болница- Битола пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста ѝ овозможле на третопријавената на 01.01.2020 без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош, односно да изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка.

    По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година.

    Случајот во полиција го пријавило друго вработено лице во битолска Гинекологија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира