ИВАН Е БУДЕН И СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО, ОБЈАВИ ФИЛИПЧЕ ЗА ПРВИОТ ПАЦИЕНТ СО ПРЕСАДЕНО СРЦЕ

    ИВАН Е БУДЕН И СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО, ОБЈАВИ ФИЛИПЧЕ ЗА ПРВИОТ ПАЦИЕНТ СО ПРЕСАДЕНО СРЦЕМинистерот за здравство Венко Филипче утрово заедно со докторскиот тим беше во посета на Иван Огњановски, кому вчера му беше пресадено срцето на починатата Емилија Динева, и сподели заедничка фотографија. (Фото: Министерство за здравство)

    Иван Огњановски, пациентот на кога вчера му беше направена првата трансплантација на срце е буден и се чувствува добро, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој утрово заедно со докторскиот тим беше во посета на Иван и сподели заедничка фотографија.

    „Иван е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите“, напиша Филипче на Фејсбук и нагласи дека фотографијата ја објавува со согласност.

    Филипче верува дека овој историски подвиг на македонското здравство и највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации.

    Вчера околу 2 часот по полноќ на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, по 6 часа операција, беше направена првата трансплантација на срце од починат донор. Иван го доби срцето на 43-годишната Емилија Динева од Стар Дојран која настрада во сообраќајка. Два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира