ИВОНА ТАЛЕВСКА ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ, АПЕЛАЦИЈА Ѝ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА

    ИВОНА ТАЛЕВСКА ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ, АПЕЛАЦИЈА Ѝ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТАКако обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“, сопственичката на фирми и заменик главен уредник на ТВ Сител Талевска има обврска секој работен понеделник во месецот најдоцна до 12,00 часот да се јавува во Суд, а нејзиниот пасош е одземен; - од расправата во Апелација (Фото: СДК.МК)

    Сопственичката на фирми и новинарка Ивона Талевска од ТВ Сител останува без пасош, откако Апелациониот суд денеска ја одби нејзината жалба за мерките за претпазливост коишто и ги определи Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство. Како обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“, Талевска има обврска секој работен понеделник во месецот најдоцна до 12,00 часот да се јавува во Суд, а нејзиниот пасош е одземен.

    Апелација ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 1, кој што навел дека одлуката за одземање на патната исправа е оправдана, бидејќи Талевска често патувала во странство и оти имало опасност од нејзино бекство.

    Во Апелација, нејзината одбрана во жалбата рече дека „тенденциозен е предлогот за одземањето на пасошот на Талевска и не соодветствуваа со нејзините карактер и личност. Таа често патува зашто е заменик главен уредник на национален концесионер како што е Сител. Нема ни најмала можност да избега или да ја одолговлечи постапката”.

    Талевска е обвинета во случајот „Тифани“ дека преку своите две фирми „Смарт центар“ и „Смарт груп“ од 2008 до 2014 година затаила данок во износ од 44,5 илјади евра. Обвинета е дека лажирајќи во документите дека набавила стока за своите фирми, ја намалила даночната основа, го злоупотребила правото на одбивка на ДДВ и не пријавила лични приходи. Од асортиманот, наводно за фирмите, таа набавила долна облека од 500 евра, здолништа, шминки, пудри од над илјада евра, врвно дизајнирани кујнски садови, велосипеди од над 500 евра.

    Судот ја одби жалбата за мерките за претпалзивост на обвинетите во случајот на СЈО „Тортура“, меѓу кои е и поранешниот началник на Алфите Ивица Анчевски – Пуки, за апсењето на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. И тој заедно со уште петмина опбвинети во овој случај имаобврска секој работен петок во месецот најдоцна до 12,00 часот да се јавува во судот и има забрана за приближување кон одредени лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира