До 15 часот, излезноста на претседателските избори е 32,16 отсто, додека на парламентарните е 36,94 проценти.
Како што е објавено на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК), од 88.97 отсто обработени избирачки места вкупно за избор на претседател на државата гласале 519.203 граѓани од вкупно 1.814.317 запишани во Избирачкиот список.
На парламентарните избори гласале 612.493 граѓани.
За избор на претседател на државата потребен е цензус од 40 отсто излезност од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список. Во првиот круг за претседателските избори излезноста до 15 часот беше 34,57 отсто.
А. АНТЕВСКА