ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 17 ЧАСОТ Е 42,85 ОТСТО, ВО СКОПЈЕ 39,99 ОТСТО

    ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 17 ЧАСОТ Е 42,85 ОТСТО, ВО СКОПЈЕ 39,99 ОТСТОНајголема излезност од скопските општини има во Карпош 47,05 отсто. (Фото: К. Попов)

    До 17 часот излезноста на гласачките места каде се одржува втор круг за избор за градоначалници е 42,85 отсто. Тоа е околу 2 отсто повеќе од првиот круг, кога на гласање излегоа 40,98 отсто од избирачите со право на глас.

    Најголема излезност има во општините Вевчани 75,6 отсто, Конче 73,15, Ранковце 71,02 отсто. Над 60 проценти имаат општините Пробиштип, Пехчево, Росоман, Дебар, Македонски Брод,  Демир Хисар, Лозаво и Демир Капија.

    Општини со најмала излезност се Сарај 23,41 отсто, Шуто Оризари 28,48 и Боговиње 30,23.

    Во Скопје излезноста до 17 часот е 39,99 проценти во Скопје. Во Аеродром 42,37 отсто, Бутел 36,65, Гази Баба 38,18, Ѓорче Петров 40, 75, Карпош 47,05 отсто.

    До 17 часот стигнале 433 приговори од кои 378 се прифатени, 34 одбиени и 21 лице било во Избирачкиот список. До Државната изборна комисија (ДИК) нема пристигнато пријави за инциденти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира