ЈА ГАРАНТИРАМЕ БЕЗБЕДНОСТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ШТО СЕ СТЕНТИРААТ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ПО ИЗЈАВАТА НА КЕДЕВ ДЕКА НА КАРДОЛОГИЈА СЕ НЕСТРУЧНИ

    ЈА ГАРАНТИРАМЕ БЕЗБЕДНОСТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ШТО СЕ СТЕНТИРААТ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ПО ИЗЈАВАТА НА КЕДЕВ ДЕКА НА КАРДОЛОГИЈА СЕ НЕСТРУЧНИД-р Сашко Кедев и министерот за здравство Венко Филипче

    Министерството за здравство ја гарантира безбедноста на сите пациенти кои на Клиниката за кардиологија добиваат стент, изјави министерот за здравство Венко Филипче, по вчерашната изјава на проф. д-р Сашко Кедев во емисија на телевизија Телма, дека Клиниката за кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите.

    „Им ја гарантираме безбедноста на сите пациенти кои се стентираат, бидејќи интервентна кардиологија работат искусни професионалци, кои исто така ставаа стентови кога директор беше проф. Кедев. Сакаме интервентната кардиологија на Клиниката за кардиологија да ја зајакнеме со тим луѓе, кои во време на директорувањето на професорот си заминаа од Клиниката и отидоа да работат во приватните болници. Не е точно дека интервентните кардиолози се исфрлени од тимот, туку само проф. Кедев е сменет од шефовското место. Ги отфрламе сите наводи, кои сметаме дека не му доликуваат на професорот“, кажа Филипче.

    Проф. Кедев вчера кажа дека веќе не е во тимот на интервентни кардиолози на Клиниката, и дека новиот директор во тимот кардиолози што вршат стентирање ставил двајца кардиолози што немаат искуство со каротидно стентирање.

    „Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог специјалист. Има нов директор и нов раководител на интервентна кардиологија, кои не се меѓу првите пет интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема“, рече проф. Кедев, кој смета дека поради негрижа интервентната кардиологија може да премине во приватното здравство.

    Е.БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира