ЈА ПРЕТЕПАЛ СОПРУГАТА ДО СМРТ, ПА СЕ ФРЛИЛ ОД ПОКРИВОТ

    ЈА ПРЕТЕПАЛ СОПРУГАТА ДО СМРТ, ПА СЕ ФРЛИЛ ОД ПОКРИВОТПолицијата соопшти дека сопругата починала, додека ќерката сѐ уште се наоѓа во неконтактибилна состојба

    Педесет и четиригодишниот Б.А. од Кочани се фрлил од покривот на својата куќа и починал, откако пристигнала полиција на повик за семејно насилство, објави МВР.

    Тие биле повикани од жена, која пријавила дека во куќа на улицата 9 мај таткото ги тепа сопругата и ќерката.

    Кога пристигнале полициски службеници, тие го затекнале Б.А. на покривот на куќата, по што тој се фрлил и починал на самото место.

    Л.А. (44) и И.Т. (22), сопругата и ќерката на Б.А., биле пронајдени во куќата тешко повредени и во неконтактибилна состојба, по што биле превезени во Општата болница во Кочани.

    Како што соопшти МВР, сопругата Л.А. починала, додека И.Т. сѐ уште се наоѓа во неконтактибилна состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира