ЈАНЕВА БАРА ПАРЛАМЕНТОТ ДА ИЗГЛАСА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ ЗА ДА ВЛЕЗЕ ВО СРЖТА НА СЛУЧАИТЕ ЗА МАРТИН НЕШКОВСКИ, МОНСТРУМ И СОПОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА БАРА ПАРЛАМЕНТОТ ДА ИЗГЛАСА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ ЗА ДА ВЛЕЗЕ ВО СРЖТА НА СЛУЧАИТЕ ЗА МАРТИН НЕШКОВСКИ, МОНСТРУМ И СОПОТ

    „Апелирам Собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци кои ги поднесов јас како Специјален јавен обвинител, за да влезе ова јавно обвинителство во сржта на предметите за Мартин Нешковски, Монструм и Сопот“, рече специјалната обвинителка Катица Јанева на денешната презентација на вториот 6-месечен извештај на СЈО.

    Таа најави дека ќе присуствува на разгледувањето на вториот извештај на СЈО, кога Советот на јавни обвинители и Собранието на РМ, органите пред кои таа одговара и поднесува отчет за работата на ова обвинителство, ќе ги закажат седниците. Седниците треба да бидат закажани во периодот од 19 до 30 овој месец.

    Јанева рече дека Специјалното јавно обвинителство ќе продолжи да работи за да утврди кој прислушувал неовластено од 2008 до 2015 година, за какви цели, кој стекнал богатство преку неовластеното прислушување, за да го врати назад тоа нелегално стекнато богатство и да одговара пред законот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира