ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОЈАСНУВА ДЕКА ПРЕТРЕСОТ ВО ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ БИЛ ВО ВРСКА СО НЕСРЕЌАТА НА АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ ВО БУГАРИЈА

    ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОЈАСНУВА ДЕКА ПРЕТРЕСОТ ВО ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕ БИЛ ВО ВРСКА СО НЕСРЕЌАТА НА АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ ВО БУГАРИЈАЈавно обвинителство на Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Јавното обвинителство на Република Северна Македонија реагира на текстот „Претресот во Финансиската полиција бил по пријава во врска со ‘Беса транс’“, објавен денеска во САКАМДАКАЖАМ.МК, и реагира дека претресот во Финансовата полиција не бил во врска со несреќата во Бугарија.

    Но, САКАМДАКАЖАМ.МК во текстот никаде не тврди дека предистражните дејствија и претресот во Финансовата полиција биле за поведување паралелна истрага за несреќата. Напротив, ја информира јавноста дека за трагедијата истрага води Основното јавно обвинителство Скопје. Иако во насловот не се спомнува сервисот, во објавениот текст јасно пишува дека претресот е по претходна анонимна пријава против Финансовата полиција, во врска со сервисот или станицата за технички преглед, каде што се сервисирал автобусот на фирмата „Беса транс“, чиј автобус изгоре со 45 жртви.

    „Во барањето и обезбедената наредба за претрес во Управата за финансиска полиција е наведен предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција заради кој се спроведува претресот. Тој предмет нема никаква поврзаност со трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија. Предметот за автобуската несреќа во целост го водеа истражните органи на Република Бугарија, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваше по меѓународна правна помош упатена од Обвинителството на Република Бугарија. Работата на компанијата ‘Беса транс’ се проверува во посебен предмет по кој постапува надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје“, се вели во реакцијата на ЈОРСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира