КАЈ ЏАФЕРИ СТАСА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА СВИКУВАЊЕ НА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

    КАЈ ЏАФЕРИ СТАСА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА СВИКУВАЊЕ НА СОБРАНИСКА СЕДНИЦАЏафери само што ја примил иницијативата за седница на распуштеното Собрание, уште не го кажал ставот дали ќе ги свика пратениците на работа. (Фото: СДК.МК)

    Коалицијата на владејачкиот СДСМ во Парламентот: НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса и Алтернатива, заедно со пратеници од независната група на ВМРО-ДПМНЕ, ја поднесe до претседателот на Собранието Талат Џафери иницијативата за свикување на распуштеното Собрание. Таа има 35 потпишани пратеници.

    Од кабинетот на спикерот Џафери сè уште нема информација што ќе прави тој со иницијативата, дали ќе го свика Собранието, или ќе остане на својот став дека нема уставна можност еднаш распуштеното Собрание пак да се свикува.

    Со иницијативата потпишаните пратеници бараат седница за да бидат потврдени двете одлуки на претседателот на РСМ Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со коронавирус. Но акцент во неа се става и на потребата од контрола на одлуките и уредбите што ги носи Владата, во услови кога поради вонредна состојба, ги презеде надлежностите на законодавната власт, на Парламентот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира