КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО, ДАВАМЕ ПРИДОНЕС ЗА СТАБИЛНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, КАЖА ЗАЕВ ПРЕД САМИТОТ ВО ЛОНДОН

    КАКО ЧЛЕНКА НА НАТО, ДАВАМЕ ПРИДОНЕС ЗА СТАБИЛНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, КАЖА ЗАЕВ ПРЕД САМИТОТ ВО ЛОНДОНГо остваруваме сонот на сите во Северна Македонија, изјави Заев на конференцијата „НАТО се ангажира“ (Фото: Влада)

    Како нова членка на НАТО, носиме придонес за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, кажа премиерот Зоран Заев на конференцијата „НАТО се ангажира“ во Лондон, што се одржа во пресрет на тридневниот самит на лидерите на НАТО.

    Заев во Лондон е придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    „Го остваруваме сонот на сите во Северна Македонија. Тоа беше наша стратешка цел 25 години. Членството во НАТО е аспирација на многу минати генерации, остварување на нашата сегашна генерација и визија за идните. Со членството во НАТО добиваме стабилност и безбедност, како и перспектива за нашата економија“, кажа Заев.

    Тој истакна дека земјата останува цврсто посветена на борбата против организираниот криминал и корупцијата и на демократските реформи.

    „Веќе немаме отворени проблеми со соседите и во тоа сме единствени во регионот на Западен Балкан. Проблемот со името беше отворен три децении и тоа беа три децении неизвесност за нашата иднина“.

    Македонија очекуваше на Самитот во Лондон да стане 30. членка на НАТО, но процесот го закочи Шпанија поради вонредните парламентарни избори, останувајќи единствена земја која не го ратификувала Пристапниот протокол.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари