КАМБОВСКИ: СЕЛЕКТИВНОТО ПИШМАНЕЊЕ НА ИВАНОВ ЌЕ УДРИ ПО УСТАВОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАМБОВСКИ: СЕЛЕКТИВНОТО ПИШМАНЕЊЕ НА ИВАНОВ ЌЕ УДРИ ПО УСТАВОТ

    „Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со засилувањето на членот 11 кој не постои во Законот за помилување, преку вметнување на член 11-а во Законот за помилување, најгрубо продолжуваат да го кршат Уставот. Дали правните советници на владејачките партии и на претседателот Ѓорге Иванов имаат толкаво елементарно непознавање на правото и на Уставот, или си играат мајтап?“, изјави академик Владо Камбовски, за САКАМДАКАЖАМ.МК.
    Според него, Иванов го крши Уставот ако со новиот член 11-а, со кој му се дава право по негов личен избор, сега почне селективно да им ја одзема амнестијата на 56-темина партиски и државни функционери и нивни помошници, бидејќи Уставот го забранува тоа. Уставот дозволува ретроактивно дејство на закон, само ако тој закон оди во корист на лицето, а во случајов, не оди во корист на помилуваните лица, туку им ја одзема аболицијата. Ова е страшно непознавање на правото и мајтапење со Уставот, реагира Камбовски.

    “Нам уште ќе ни се смеат“, вели тој.

    Парламентарното мнозинство воведува едно забрането дејство во Уставот, објаснува Камбовски и смета дека ако членот 11-а биде оспорен, тој сигурно ќе падне на Уставниот суд, бидејќи судиите не би можеле да преминат преку забраната. “Може некој од аболираните сака да отпатува од Македонија, знаејќи дека Иванов го ослободил, а овој во меѓувреме оп, му ја одзема слободата. Каде во светот има вакво нешто, претседателот да ве помилува, а потоа кога ќе му текне, и да ви го одземе помилувањето?“, прашува Камбовски.

    Дали правните советници на владејачките партии и на претседателот Ѓорге Иванов имаат толкаво елементарно непознавање на правото и на Уставот, или си играат мајтап?“, прашува академик Владо Камбовски

    Дали правните советници на владејачките партии и на претседателот Ѓорге Иванов имаат толкаво елементарно непознавање на правото и на Уставот,
    или си играат мајтап?“, прашува академик Владо Камбовски

    Доста беше играње со Уставот и со законите, вели Камбовски. “Собранието треба да престане да си игра. Место тоа да каже претседателот ги пречекори овластувањата и даде неуставна амнестија, тоа и натаму носи неуставни закони“, реагира експретседателот на МАНУ.
    Со предложеното дополнување на Законот со нов член 11-а, во петокот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ му дадоа нова задача на Иванов, по негова селекција, да поништи помилување дадено без претходна постапка за помилување, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. Притоа, претседателот да не е должен да ја образложи одлуката. Дадена е и можност лицето за кое е донесена одлука за помилување, да има право до претседателот да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука, се вели во членот 11-а.
    И додека се надградува непостоечкиот член 11, со кој се заврши срамната групна аболиција, потсетуваме кој беше тој член: Членот 11 беше ставен во Законот за помилување во 1993 година, но избришан со измените во јануари 2009 година, за да не може претседателот да помилува без претходна постапка за помилување.
    “Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано“, беше содржината на тој член.
    Иванов, користејќи го овој член што никаде не постои, амнестираше 56-члена група осомничени и сведоци во постапки на Специјалното обвинителство поврзани со криминал што произлезе од прислушуваните материјали, и сега селективно ќе ја враќа амнестијата кому сака, исто така без обврска да ја образложи ретроактивната одлука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира