КАТИЦА ЈАНЕВА МУ ДАЛА НОВ ПАСОШ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ, СУДОТ САМО ЈА ПРЕПРАТИЛ НАРЕДБАТА ДО МВР

    КАТИЦА ЈАНЕВА МУ ДАЛА НОВ ПАСОШ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ, СУДОТ САМО ЈА ПРЕПРАТИЛ НАРЕДБАТА ДО МВРНа осомничениот во „Империја“ Орце Камчев кој плати милион ипол евра за издавање сосема нова патна исправа, зашто старите не му ги даваше судот, важноста на таа исправа ѝ истекува на почетокот на октомври 2019 година.

    Против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева биле обезбедени докази дека таа, а не судијата на претходна постапка надлежен за „Империја“, дала дозвола МВР да му издаде нова патна исправа на првоосомничениот Јордан Камчев. Тој потоа ја пријави дека таа и Бојан Јовановски му зеле пари за услугата, за што добија кривични пријави и притвор.

    Двата пасоша  (македонскиот и бугарскиот) на Камчев му се во Основниот суд Скопје 1. Барањата за враќање на патните исправи од осомничените во „Империја“ додека трае истрагата, судијата на претходна постапка во пракса ги одбива, не ги даваат ни Апелациониот суд по жалба.

    Ако побарал Камчев некој од двата претходно одземени пасоша, судот постоело ризик да не му ги даде, па затоа во договор со Јанева и со милион ипол евра платени кај Бојан Јовановски, Камчев побарал нова патна исправа, од времен карактер.

    Според законот, дозвола за нова патна исправа на лице кое е под истрага не дава судот, туку органот што ја води истрагата. „Империја“ ја водеше Специјалното обвинителство, што значи наредбата можела да ја даде и ја дала Јанева. Судот само ја препратил до МВР кое е надлежно за издавање нови патни исправи, а министерството ја спровело во мај 2019 година. Камчев и Јанева точно знаеле дека судот во ваков случај нема надлежност да не ја исполни наредбата на специјалната обвинителка под чија истрага беше „Империја“.

    Времениот пасош на Орце Камчев му истекува на почетокот на следниот месец. На почетокот на мај тој го доби времениот пасош, со важност од 6 месеци.

    Не се знае кој ќе ги води во иднина истрагите на СЈО, а со тоа и на големиот предмет „Империја“ на кој предметен обвинител беше Лиле Стефанова. Приоритет на Јавниот обвинител на Македонија, велат од неговиот кабинет, се определувањето надлежност на предметите со обвиненија, за кои уште течат судски рочишта.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира