ЌЕ ДОБИЈАТ УСЛОВНИ КАЗНИ ОНИЕ КОИ ВО ПАНДЕМИЈАТА ИЗЛЕГУВАА ОД ИЗОЛАЦИЈА И НЕ ПОЧИТУВАА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, А НЕ МОЖАТ ДА ПЛАТАТ

    ЌЕ ДОБИЈАТ УСЛОВНИ КАЗНИ ОНИЕ КОИ ВО ПАНДЕМИЈАТА ИЗЛЕГУВАА ОД ИЗОЛАЦИЈА И НЕ ПОЧИТУВАА ПОЛИЦИСКИ ЧАС, А НЕ МОЖАТ ДА ПЛАТАТКоронавирусот покоси 9.690 болни во Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Со 76 гласа „за“, еден „против“ и без „воздржани“, пратениците денеска го изгласаа Законот за амнестија на граѓани кои беа санкционирани поради непочитување на строгите мерки за изолација за време на пандемијата со коронавирус, како и тие кои не седеа дома за време на полицискиот час, кога се заразуваа и умираа многу луѓе. Како што се наведува во образложението на Законот,  на сторителите на кривичните дела „Пренесување заразна болест“ (член 205 од Кривичниот законик) и „Непостапување според здравствените прописи за време на пандемија“ (член 206 од КЗ) им се овозможува алтернативна мерка – условна осуда.

    По стапување во сила на Законот, на тие што поради немање средства да ги платат казните и затоа одлежале затворска казна, нема да им се вратат пари (пресметани за ден затвор), но во кривичната евиденција нема да им стои ништо. На овие амнестираните, на кои паричната сега им се заменува со условна затворска казна, ќе им стои во кривична евиденција дека биле осудени.

    Оние граѓани кои, на пример, од 2.000 евра колку што биле парично казнети,  одлежале два месеца, или околу 300 евра од казната, се пуштаат на слобода. Остатокот од затворската казна им се заменува во условна и во кривичната евиденција ќе им стои дека се осудени лица.

    Од 1 јануари 2020 до 30 јуни 2022, во Основниот кривичен суд Скопје од Основното јавно обвинителство Скопје биле поднесени 967 казнени налози за член 206 од Кривичниот законик. Судот донел пресуди за 1.223 лица, со кои ги осудил на парични казни од по 123.000 денари. Судот има донесено 280 заменски решенија со затворски, поради неплаќање на паричните казни.

    Амнестијата не важи за кафеаните, дискотеките, теретаните и другите фирмите, казнети поради непочитување на протоколите за време на пандемијата.

    Од ковид во земјава починаа 9.690 болни во пандемијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира