ЌЕ ГИ ПРЕГРНАМ ТИЕ ШТО МЕ БОЈКОТИРААТ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА КОНГРЕСОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

    ЌЕ ГИ ПРЕГРНАМ ТИЕ ШТО МЕ БОЈКОТИРААТ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА КОНГРЕСОТ НА ВМРО-ДПМНЕГенералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е единствен кандидат за претседател на партијата на вонредниот конгрес во Валандово. - Мицкоски и Никола Груевски на конгресот (Фото: М. Златевска)

    Од 544, на вонредниот конгрес за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово присуствуваат 411 делегати, со што е исполнет условот за регуларен Конгрес. На конгрeсот не дојдоа 133 делегати.

    Меѓу отсутните 133 делегати се и потписниците на иницијативата за одложување на конгресот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, Антонијо Милошоски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски и други видни партиски функционери.

    Поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски и поранешниот началник на УБК Сашо Мијалков пристигнуваат на конгресот во Валандово. (Фото: М. Златевска)

    Во работата на конгресот учествуваат поранешните министри Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска, Диме Спасов, поранешниот градоначалник Коце Трајановски, Ирена Мишева, Силвана Бонева, пратениците Дане Илиев, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, Даниела Рангелова, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. На конгресот е и поранешниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски и глумецот Тони Михајловски.

    Поранешната пратеничка и членка на ДИК во оставка Силвана Бонева учествува на конгрес во Валандово. (Фото: М. Златевска)

    Поранешната пратеничка Светлана Јакимовска, глумецот и пратеник Крсто Јовановски, и Дијана Трнталовска, кои беа потпишани на иницијативата за одлагање на партискиот конгрес бидејќи се фаворизира еден кандидат и не се создадени демократски услови за фер борба за наследник на Никола Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сепак присуствуваат на конгресот. Јакимовска беше избрана за претседател на комисијата за верификација на присутните делегати на конгресот.

    Присутен на конгресот во Валандово е и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Сокол Митревски. (Фото: М. Златевска)

    Лидерот во оставка Никола Груевски кратко изјави дека треба да се има мирен конгрес, на кој што треба да се донесат мудри одлуки, за, како што кажа, понатаму да го победат СДСМ.

    Поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска попладнево пристигнаа во Валандово откако утринава беа во Основниот суд Скопје 1. Јанакиески да се пријави како мерка на претпазливост, а Јанкулоска за рочиштето за „Тврдина-Таргет’. (Фото: М. Златевска)

    Единствениот кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за бојкотот на конгресот на потписниците на иницијативата за одлагање на конгресот рече дека тоа се исклучителни луѓе, кои извршувале високи функции во партијата, во државата со одличен успех, и кои имаат потенцијал да помогнат на партиските политики

    Ексминистерката Елизабета Канческа Милевска пристигнува на конгресот во Валандово. (Фото: М. Златевска)

    Не само што ги повикувам, туку ќе ги прегрнам“, рече Мицкоски и додаде дека утре ќе ги образложи насоките на новата политика на ВМРО-ДПМНЕ.

    Гласањето за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи утре. – Сашо Мијалков во првиот ред. Едно седиште преку него е актерот Тони Михајловски(Фото: М. Златевска)

    На Конгресот треба да биде констатирана оставката на досегашниот лидер Никола Груевски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира